.
Albanian-ALDeutsch (DE-CH-AT)English (English)

Весник

               vesnik_Makedonski-00001           

                   Преземи

 

 

 

 

                    

РЕГИОНАЛНИ ЗАНАЕТЧИСКИ КОМОРИ PDF Печати Е-пошта

Согласно Законот за вршење на занаетчиска дејност, донесен во де­кем­ври 2004 година и измените од 2007 година во Република Македонија, во моментов, на територија на Р. Македонија се регистрирани 14 регионални занаетчиски комори кои се всушност трансформирани од поранешните Здруженија на занаетчии и други самостојни стопан­стве­ници кои беа во рамки на Стопанската комора на Р. Македонија.

 Регионалните комори се самостојни правни лица регистрирани т.е транс­формирани согласно Законот за вршење на занетчиска дејност во периодот помеѓу 2004 – 2008 година.

  1. Занаетчиска комора Скопје, регистрирана 2004г.;
  2. Регионална занаетчиска комора Тетово, рег. 2004г.;
  3. Регионална занаетчиска комора Гостивар, рег. 2004г.;
  4. Регионална занаетчиска комора Битола, рег. 2004г.;
  5. Регионална занаетчиска комора Велес, рег. 2006г.;
  6. Регионална занаетчиска комора Охрид, рег. 2008г.;
  7. Регионална занаетчиска комора Прилеп, рег. 2005г.;
  8. Регионална занаетчиска комора Струмица, рег. 2004г.;
  9. Регионална занаетчиска комора Гевгелија, рег. 2004г.;
  10. Регионална занаетчиска комора Виница, рег. 2004г.;
  11. Општинска занаетчиска комора Ресен, рег. 2005г.;
  12. Регионална занаетчиска комора Куманово, рег. 2006г.;
  13. Регионална занаетчиска комора Штип, рег. 2006г.;
  14. Регионална занаетчиска комора Дебар, рег. 2005г.;

Занаетчиската комора Скопје ја покрива територијата на Град Скопје и е најголемата регионална занаетчиска комора во Македонија. Останатите регионални комори покриваат општини кои се наведени во нив­­ната регистрација.

Бројот на вработени во регионалните занаетчиски комори се движи помеѓу 1 до 5. Најголем процент има по еден вработен. По потреба се ангажира персонал на хонорар или експерти од одредена област. Регионалните комори нудат услуги на своето членство. Дел од услугите произлегуваат од јавните овластвувања т.е. водењето на Регистарот на занаетчии.

  Во делот на бесплатни услуги кои најчесто ги нудат коморите спаѓаат:
  • прав­ни совети (приговори, жалби, тужби);
  • книго­водствени услуги (изработка на компјутерски МПИН образец за плати,    образец М-4, пријава – одјава ПИО;
  • финансиски совети (даноци, при­до­неси);
  • информирање за законската регулатива и сл.

  Услуги кои се наплатуваат се: решение за упис во регистар на занаетчии, промена и престанок во Регистарот на занаетчии, пријави и одјави во Агенција за вработување, семинари, обуки, мајсторки испити.

.